Search

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Катица го злоупотребува боледувањето

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение бара од надлежните да истражат дали Катица Јанева го злоупотребува боледувањето.

„Катица Јанева веќе петти ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не и верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?“, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ понатаму додава дека вистината за случајот Рекет мора да се обелодени, а јавноста мора да знае какоКатица Јанева е вмешана во овој случај.

Треба да знаете
Последни објави