Search

Власта од земјоделците направи социјални случаи со намера да ги манипулира за избори

На денешната собраниска расправа за финансирање на буџет на која се коментираше за ребалансот на буџетот расправаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска комисија за финансирање на буџет рече дека лично тој смета дека вака концепираниот ребаланс на буџетот нема да ги даде одговорите на сите отворени прашања кои што ги има македонското општество особено македонската фискална сфера.

Рековме дека за првите шест месеци од оваа година сме се задолжиле една милијарда, каде и дали помогна  тоа ќе цени народот, а тоа ние можеме да го видиме преку мерливите критериуми кои што излегуваат секој ден преку бројот на лица кои  што се невработени и на кој начин галопирачки расте сиромаштијата во Република Македонија. Имаме зголемување на јавниот долг за 10.4% за една година, а растот на јавниот долг во времето од 2006 до 2016 година каде што имавме две големи светски и европски должнички кризи и една државна силна политичка криза порасна само 15.6% односно за десет години 15.6%, а за една година 10%. СДСМ vо овие години имаше 4 министри за финансии почнувајќи од професорот кој сега е иселен и оние негови идеи за прогресивни даноци па потоа враќање назад некои чудни економски политики каде што не беа сфатени ниту прифатени од ниту еден чинител во стопанството. Понатаму едно време Зоран Заев ќе ни држеше лекции како ќе се подобрела економијата и морам да признаам дека навистина ни одржа лекција и ова е лекцијата која што тој човек најдобро знае да ја направи, економски пропаст и амбис. Потоа ја имавме Нина Ангеловска и на крај е тоа што сега е актуелно, а тоа е министерот Бесими кој што при првата недела од неговиот мандат „не израдува“ со бројката дека 920 милиони евра сме во дефицит, истакна пратеникот Стојаноски.

Пратеникот Бране Петрушевски посочи дека владата граѓаните ги доведе во доста лоша економска состојба, живеат на работ на егзистенција. А, владата енормно се богати на грбот на народот.

„Земјоделците власта ги дотера до питачки стап. Знаете колкава мака вложуваат земјоделците во оваа држава, маката на крајот им е неисплатлива. Од година во година државата мора да интервенира со големи финансиски средства за да ги доведеме во нормална економска ситуација“, истакна Петрушевски.

 

Петрушевски додаде дека власта од земјоделците направи социјални случаи.

„Државата свесно го прави тоа, за да може власта да има влијание врз таа категорија на граѓани. А, тие ќе бидат зависни од таа финансиска поддршка што ќе им ја даде власта, со што би можеле подоцна да манипулираат конкретно пред избори“, нагласи Петрушевски.

Петрушевски посочи дека субвенциите на земјоделците доцнат.

„Катастрофално ни осиромашува народот. Ние имаме сериозен економски проблем во државата. И проблемот не е само предизвикан од КОВИД кризата. Генерално имаме проблем во државата со сиромаштија“, потенцира Петрушевски.

 

Треба да знаете
Последни објави