Skip to main content
Македонија

Владата, во овој момент, не размислува за зголемување на возраста за пензионирање, вели Митева

03/12/2024  12:52

Владата, во овој момент, не размислува да ја зголеми возраста на која вработените ќе одат во пензија, изјави денеска на прес конференција владиниот портпарол Марија Митева.

„Во овој момент она што направивме е усогласувањето на пензиите од 5 илајди денари. Имаме активна методологија, имаме закон по кој што се работи. Гледаме како да ги стабилизираме сите состојби, така остануваме посветени и на состојбата во Фондот за ПИОМ и ќе ги разгледаме сите состојби како да имаме еден стабилен систем. Во овој момент не се размислува за она што беше предлог од страна на Фискалниот совет“, одговори Митева.