Skip to main content
Свет

„Викендов доаѓа драматична зимска бура“: овие земји во Европа ќе бидат под удар, ќе зафати и дел од Балканот

06/12/2024  11:06

Познатиот словенечки метеоролог Марко Корошец преку Severe Weather Europe предупреди дека викендов Европа ќе ја зафати зимска бура.

Ќе има продор на студен арктички воздух кој ќе услови пороен дожд, снег и засилен ветер. Во петок веќе ќе ги зафати Велика Британија и Ирска, а во сабота системот ќе се прошири кон Белгија, Холандија и Франција, а потоа ќе се движи кон Германија и Алпите.

Се очекуваат засилен ветер со налети до 120 км/ч, врнежи од снег и опасни услови на патиштата. Системот би можел да го опфати северот на Италија и дел од Словенија. Свеж снег се прогнозира за многу области, вклучително и северна Велика Британија, северна Иберија, алпски регион, западен Балкан и централна Европа. Повеќе снег ќе има низ Источна Европа и Скандинавија.

Временските услови и условите за патување брзо ќе се влошат во западна и централна Европа бидејќи зимската бура го зафати целиот континент за време на викендот.