Skip to main content
Македонија

Денеска облачно со снег и северен ветер, врнежите ќе престануваат кон вечерта

29/11/2026  07:56

Облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег ја очекува Македонија денеска, недела, 29 ноември. Во пониските места долж Повардарието ќе има мешани врнежи од дожд и снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Кон крајот на денот се очекува врнежите да престанат.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен.

Во рамките на викендовскиот врнежлив бран, УХМР најави формирање нова снежна покривка до 20 сантиметри на планините. На повисоките места се очекува помала покривка, од два до десет сантиметри.

Од понеделник времето ќе се стабилизира, но ќе остане студено. Почетокот на новата работна седмица ќе донесе сончеви периоди и утрински температури под нулата.