Search

(Видео) Ѓорчев: Заев и СДСМ директно удрија врз пензионерите, се крати растот на пензиите

Откако ги покачија даноците и давачките кон државата, донесоа закон за зелени пазари  што ќе ги остави поголем дел од пазарџиите без извор на егзистенција, сега СДСМ удри повторно и по пензионерите, обвини Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Зоран Заев повторно удираат по една од најранливите категории граѓани. Пензионерите годинава со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе земаат помала пензија отколку што ќе земаа со претходното законско решение  што го донесе ВМРО-ДПМНЕ. Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира“, рече Ѓорчев.

Уште еднаш, додаде тој, пензиите со оваа влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија. Значи, рече Ѓорчев, се анулира и се крати зголемувањето  што требаше да го имаат пензионерите, а  беше законско решение на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави