Search

(Видео) Црн пантер се прошетал по покривите на француски град

Црниот пантер се прошетал по покривите на градот Арментиер во северна Франција, недалеку од Лил.

Фотографиите што ги снимиле жителите на градот покажуваат дека пантерот се сместил удобно на симсот пред прозорецот и на олукот и дека се шета по покривите.

Со интервенција на ветеринар и пожарникари, големата мачка била успиена и ставена во кафез, пренесува „Скај њуз“.

Не е познато од каде дошол пантерот, ниту пак некоја зоолошка градина пријавила бегство на животно.

Треба да знаете
Последни објави