Search

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокираше стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокираше стратешки мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија додека пукал во воздух, соопшти градската полиција.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека никој не е повреден. Медиумите објавија дека станува збор за активен војник (42) кој се борел против проруските сепаратисти во источна Украина.

Тој на полицијата и предал килограм екслозив и кажал дека го пронажол во едно село, наведува една информативна интернет страница.

„Тој е многу опасен, вооружен и пукаше во полицискиот дрон”, изјави полициски извор за АФП.

Треба да знаете
Последни објави