Search

(Видео) Тројца ученици убиени, осум ранети во пукање во училиште во САД

15- годишен ученик во средно училиште во американската држава Мичиген убил тројца школски другари и ранил уште 8 лица пред да биде приведен.

Според полицијата тој пукал од полуавтоматски пиштол.

Потврдено е дека еден од ранетите е наставник во средното училиште Оксфорд, во градот Оксфорд, 65 километри северно од Детроит, објави Канцеларијата на шерифот на округот Окленд. Убиени се 16-годишно момче, 17-годишно девојче и 14-годишно девојче, изјави заменик-шерифот Мајкл Мекејб за новинарите на лице место, пренесува Ројтерс.

Се верува дека осомничениот, ученик во втора година во ова училиште, дејствувал сам, а при апсењето не давал отпор, откако претходно испукал 15 до 20 истрели, а целиот инцидент траел околу пет минути, изјави Мекејб. Детроитската локална телевизија „WDIV“ објави дека осомничениот не и открил ништо на полицијата и побарал да разговара со адвокат.

Треба да знаете
Последни објави