Search

(Видео) Тенисерите наместо да се поздрават се скошкаа

Обид за физичка пресметка која заврши со кошкање помеѓу тенисерите Корентин Муте од Франција и Адријан Андреев од Бугарија утринава е главна вест во светските медиуми. Можеби првпат се случува ваков инцидент на АТП турнирите како овој во францускиот град Орлеан.

По инцидентот прв во јавноста се појави домашниот тенисер Муте, кој беше поагресивен и кој го иницираше конфликтот на мрежата откако го загуби мечот со пресврт кој го приреди бугарскиот тенисер.

-Не сакам да се извинувам за тоа што се случи на мечот. Кога еден тенисер ќе си дозволи двапати да му каже на противникот „е*и се“ додека ме гледа во очи, тогаш не можам, а да не изреагирам на свој начин. Тоа се работи што не се прават“, напиша Муте на социјалните мрежи.

Андреев со пресврт го доби мечот (2:6, 7:6, 7:6), а по кошкањето поголема тепачка беше спречена балагодарение на судијата, кој веднаш се симна од столчето и ги раздвои воинствените тенисери.

Треба да знаете
Последни објави