Search

(Видео) Пожар на Халкидики

Голем пожар избувна на вториот крак на Халкидики. Грчките медиуми пренесоа дека гори шума и сува трева во реонот на Каламици, а пожарот брзо се шири.

На терен се испратени 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари, а подготвен е и авион за гаснење.

Видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а на социјалните мрежи се објавуваат информации дека автомобилите се паркираат крај патит и не можат да го продолжат патувањето.

Треба да знаете
Последни објави