Голманот на македонската ракометна репрезентација, од редовите на португалскиот Порто, Никола Митревски, е најзаслужен за победата на својот тим против Мешков Брест со 27-25 во Лигата на шампионите, во групата А каде настапува и сеуште актуелниот европски првак Вардар. Токму белорускиот Брест Мешков беше тимот кој на стартот од новата сезона го совлада Вардар (24:22).

Митревски мечот со Порто го заврши со 13 одбрани, и е меѓу најзаслужните што Порто во 2. коло ја постигна првата победа во групата од елитното натпреварување на ЕХФ .

Во  А групата  изнанедување приреди Фленсбург против фаворизираниот ПСЖ во Париз (29:28) и ја запоседна лидерската позиција во групата..