Search

ВИДЕО: Мечот во Тирана беше прекинат, албанските навивачи со шишиња ги гаѓаа полските фудбалери

На дуелот од квалификациите за Светското првенство помеѓу Албанија и Полска дојде до инцидент во кој инволвирани беа домашните навивачи на стадионот во Тирана.

Натпреварот на крајот заврши со триумф на Полјаците, минимално со 0:1, голот беше дело на Свидерски во 77 минута.

После тој погодок од трибините со шишиња и други предмети албанските навивачи ги гаѓаа полските репрезентативци кои го славеа голот.

Веднаш се тргнаа на страна Полјаците со цел да не дојде до посериозна повреда кај нив, а во меѓувреме главниот судија Турпин од Франција одлучи да го прекине мечот.

Играчите заминаа во соблекувалните, натпреварот беше во прекин скоро 30 минути, а подоцна истиот беше продолжен.

Ова беше многу важен меч и за двете селекции, на две кола до крајот на квалификациите, во групата „И“ води Англија со 20 бодови, два повеќе од Полска, третопласирана е Албанија со 15, следуваат Унгарија (11), Андора (шест) и Сан Марино без бодови.

Треба да знаете
Последни објави