Search

(Видео) Елмас постигна спектакуларен погодок на тренинг на репрезентацијата

Фудбалерот Ељиф Елмас на денешниот тренинг на македонската репрезентација во пресрет на дуелот со Словенија, потврди дека е мајстор за постигнување погодоци од невозможни позиции.

Тој со неверојатно ефе од зад гол ја смести топката во мрежата.

Елмас и пред неколку недели изведе мајсторија на тренинг на неговиот клуб Наполи.

Embedded video

Репрезентацијата се подготвува за утрешниот клучен натпревар од квалификациите за ЕП, против Словенија, кој се игра на арената „Тодор Проески“ од 20:45 часот.

Треба да знаете
Последни објави