Search

„Вибер“ ја прекина соработката со „Фејсбук“

„Ракутен Вибер“, една од водечките апликации за размена на пораки и бесплатна комуникација, соопшти дека ја прекинува деловната соработка со Фејсбук, објави весникот The Sunday Morning.

„Злоупотребата на кориснички податоци од страна на Фејсбук и неможноста да се справиме со насилниот говор на оваа социјална мрежа ги премина сите граници, поради што Вибер презема соодветни мерки, како што е прекин на закупот на рекламен простор и отстранување на сите точки на контакт од неговата платформа за да заштити повеќе од милијарда свои корисници,“ стои во изјавата на компанијата „Ракутен Вибер“ цитирана од весникот.

„Фејсбук покажува слаба проценка и не умее да ја спознае својата улога во современиот свет,“ изјави извршниот директор на Вибер, Џамел Агауа.

Фејсбук има несовесен однос кон податоците на корисниците и недостаток на приватност во своите апликации, а сега и шокантен недостаток на неопходни мерки за заштита на јавноста од насилен говор, истакна Агауа.

 

Точките за контакт со Фејсбук ќе бидат отстранети од апликацијата Вибер до почетокот на јули 2020, а закупот за рекламен простор на Фејсбук завршува веднаш.

Во среда Вибер ги повлече сите реклами од Фејсбук и неговата сестринска социјална мрежа Инстаграм. Бојкотот го продолжуваат со интензивно отстранување на сите Фејсбук технологии од апликациите на Вибер, пренесува „Гардијан“.

На Вибер во иднина нема да постои опција за пријавување преку Фејсбук а ќе биде избришана и нивната колекција на анимирани форографии.

Треба да знаете
Последни објави