Search

Весковски нуди решенија за проблемите со паркирањето во општина Карпош

Веднаш ќе започнеме да ги решаваме проблемите со паркирањето во сите делови на општина Карпош – Карпош 1 и 2 – кај Драмски театар, Карпош 3 и 4, кај Млечен, Влае…, вели Душко Весковски, кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ и колицијата.

-Спроведувањето на проектот за воведување на зонско паркирање во овие делови ќе ги подобри условите за паркирање на жителите, кои бесплатно ќе ги користат паркинзите. Посетителите на деловните субјекти, од друга страна пак за симболична цена, комфорно и безгрижно ќе можат да го поминат времето на одредената локација. Истовремено ќе се создадат зелени површини со современо хортикултурно уредување и урбана опрема, што ќе придонесе за сеопфатната цел на нашата политика за зголемување на зеленилото во Карпош.

Средствата кои ќе се влеат во општинскиот буџет, ќе бидат искористени за финансирање на проекти за изградба на нови детски игралишта.

Целта е да овозможиме што почиста и поздрава околина за живот на нашите сограѓани, вклучувајќи ги и најмалите жители.

Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики.

 

Треба да знаете
Последни објави