Search

Вернер, Обамејанг и Морено на листата на желби на Барселона

– Тимо Вернер о Лајпцигх, Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал и Родриго Морено од Валенсија се наоѓаат на листата на желби на Барселона во јануарскиот преоден рок. Каталонците не сакаат да остават ништо на случајот по повредата на Луис Суарез и на големо прават комбинации за пополнување на дупката во нападот.

Валенсија не сака да слушне да го продаде Морено за помалку од 60 милиони евра. Тоа би можело да претставува проблем за Каталонците бидејќи финансискиот фер плеј уште сега ги обврзува на продажба на играчи во вредност од 124 милиони евра.

На „Камп Ноу” веќе владее блага паника по повредата на Суарез. Уругваецот ќе биде надвор од фудбалските терени во наредните четири месеци и дилема е дали воопшто ќе се врати во првиот тим на Барселона до крај на сезоната. Затоа и загреаноста на тренерот Кике Сетјен и соработниците во стручниот штаб за ангажман на напаѓач во текот на јануари.

Треба да знаете
Последни објави