Search

Венгер му предложи на Зидан да ја продолжи кариерата во Премиер лигата

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер го советуваше својот сонародник, Зинедин Зидан да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Зизу е без ангажман од крајот на минатата сезона, кога неочекувано го напушти Реал Мадрид, откако третпат го освои трофејот во Лигата на шампионите.

– Зошто да не? Ако сакаш да работиш на високо ниво, треба да го правиш тоа во Англија. Иако постојат многу прашалници поради Брегзит и главниот е дали Премиер лигата ќе ја сочува доминантната положба на финансиски план. Наскоро ќе дознаеме, прокоментира Венгер за „Беин Спортс”.

Според поранешниот менаџер на Арсенал, пред Зидан има два избора – или долгорочен проект, кој се развива етапно и постепено или подготвен клуб, со кој ќе се бори за титула и трофеи.

– Јас би ја избрал втората опција, истакна Венгер.

Треба да знаете
Последни објави