Search

Велосипедист прегазен кај Пирок

На 13.10.2019 околу 19.00 часот на локален пат за село Пирок, тетовско, патничко автомобил „ауди” со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.С.Х.(30) од Пирок удрило во велосипед управуван од Л.З.(60) од селото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави