Search

Велика Британија ги отвори трговските преговори со Јапонија

Велика Британија започна преговори за договор за слободна трговија со Јапонија во период кога извештаите сугерираат дека дискусиите помеѓу Брексит Британија и Европската унија би можеле да пропаднат околу риболовот и регулаторното усогласување, пренесува “Брејтбарт“.

Британскиот Оддел за меѓународна трговија вчера објави дека договорот ќе се заснова на постојниот договор ЕУ-Јапонија, но ќе обезбеди дополнителни придобивки, како што е обезбедување поддршка за 5,9 милиони за малите бизниси во Велика Британија.

Дигиталната трговија, исто така, ќе има значајна улога во договорот, при што двете земји ќе постават стандарди во областите како е-трговијата и дигиталната технологија, што, според владата, ќе ѝ помогне на Велика Британија да се постави на позиција на глобална технолошка суперсила.

Британскиот државен секретар за меѓународна трговија, Лиз Трус, ги почна преговорите виртуелно, преку видеоповик, со јапонскиот министер за надворешни работи, Мотеги Тошимицу. Поради тековните блокади пораси коронавирусот низ целиот свет, преговорите ќе се одвиваат преку видео конференција.

Во изјавата на Одделот за меѓународна трговија се вели: „Минатата година, трговијата со Јапонија вредеше над 30 милијарди фунти и 9.500 бизниси со седиште во Велика Британија извезуваа стока во земјата, помагајќи да се вработат 2,4 милиони луѓе. Договор за слободна трговија со Јапонија ќе помогне во генерирање значајни можности за целата економија, создавање работни места, зголемување на платите и зголемен избор за потрошувачите “.

Трговскиот договор со Јапонија не само што ќе ги зголеми приходите и ќе даде поттик за работни места и бизниси, туку е важен чекор во приклучувањето на Велика Британија во сеопфатниот и прогресивен Договор за транспацифичко партнерство (CPTPP) кој опфаќа 11 земји од Австралија до Чиле и ќе го подобри пристапот за британските бизниси во азиско-пацифичкиот регион.

Минатиот месец, Велика Британија ги почна трговските разговори со САД, при што двете страни велат декапреговорите биле позитивни и конструктивни. Велика Британија напредува во остварувањето нови трговски врски низ цел свет во време кога разговорите со трговскиот блок на кој порано и припаѓаше Велика Британија, се во застој.

Во петокот, главниот трговски преговарач на ЕУ, Мишел Барние, рече дека нема напредок по завршувањето на четвртата рунда разговори. ЕУ сака да ги одржи сегашните договори во врска со риболовот. Според Заедничката политика за риболов на ЕУ, околу 60 отсто од уловот во британските територијални е на европските рибари. По улов и зона, загубата за британските рибари е огромна: 84 отсто од бакаларот во Ла Манш го ловат Французите, со само девет отсто добиваат Британците.

Велика Британија тврди дека нема да отстапи од враќањето на контролата врз своите територијални води, нудејќи годишни преговори за риболовните интереси на ЕУ. Иако претходните извештаи сугерираа дека ЕУ се подготвува да го ублажи својот максималистички пристап за барање континуирани права за риболов, некои земји-членки, како Франција, се противат и вршат притисок врз Барние да се држи до оригиналната тврда линија на ЕУ, со која Европејците можат да продолжат непречено да ловат во британските води на неодредено време.

И други фактори вршат притисок врз договорот Велика Британија-ЕУ, како што е инсистирањето на ЕУ Велика Британија се придржува до регулативите на Брисел, што не само што ќе ја спречи да стане глобален конкурент, туку може да ги спречи договорите за слободна трговија со други земји.

Треба да знаете
Последни објави