Search

Вардар по едномесечна пауза против Фленсбург продолжува со обврските во ЛШ

По едномесечна принудна пауза македонскиот и сеуште актуелен европски машки ракометен првак Вардар утревечер цо СЦ „Јане Сандански“ (20.45 ч.) ќе го одигра својот втор натпревар од групата во Лигата на шампионите, против Фленсбург. По мстартниот натпреавр на 16 септември на гостувањето кај белорускиот Мешков Брест, скопските „црвено-црни“ на барање од ривалите поради ситуацијата со коронавирусот не ги играа дуелите со Елверум и Пик Сегед. Ови средби дополнително ќе се одиграат, а на ред дојде мечот од 4. коло кој Вардар го дочекува без натпреаврувачки ритам бидејќи во оваа подолага пауза одиграа само две контролни средби со Металург и Бутел.

-Овој натпревар со Фленсбург е прв за нас на домашен терен, но исто така е прв по подолго време.  Фленсбург е во мала предност, ако така може да се каже, зашто е во натпреварувачки ритам. Ние тренираме месец дена и се обидовме да одиграме два пријателски натпревари. Она што очекувам е, пред се и без разлика на се една машка борбена игра од наша страна, порачува Стевче Ачлушевски, тренерот на скопјани во пресрет на продолжението од ЛШ.

Фленсбург е еден од најсилните противници во групата. Тоа е дополнителен мотив за вардаровиот состав кој е желен за надигрување. Фленсбург доаѓа со „три од три“ во Лигата на шампионите, иако одигра со Кјелце, ПСЖ и со Порто, а единствениот пораз во новава сезона го има во Бундеслигата, на гости кај Кил, минатиот месец.

-Добро ги анализиравме, не сме без шанси против Фленсбург иако досега се без пораз и го победија ПСЖ на гостински терен. Играме на домашен терен, ќе се обидеме да излеземе како победници од овој натпревар. За мене многу важно е моите играчи да бидат подобри од она последно издание во Мешков и мислам дека на крај ќе имаме шанси да се радуваме. Ќе направиме сè на крајот од мечот  да излеземе како победници, го пренесува оптимизмот од „црвено-црниот“ табор тренерот Алушевски.

 

Треба да знаете
Последни објави