Search

Варвициотис: Согласност за новата рамка на ЕК за деблокирање на пристапните преговори со Западен Балкан

– Одлучивме дека се согласуваме за новата рамка поставена од Европската комисија за конечно да се деблокираат пристапните преговори со Западен Балкан и да започнат по Самитот во март, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис по состанокот на Советот за општи работи на Европската унија во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија истакна дека на состанокот станало збор за две важни прашања за Грција за кои имало одобрување. Едното за проширувањето на Унијата, другото за Брегзит и прашањето за заштита на украдени културни добра вклучени во преговарачкиот пакет.

– По успешниот самит во Солун, денеска одлучивме дека се согласуваме за новата рамка поставена од Европската комисија за конечно да се деблокираат пристапните преговори со Западен Балкан и да започнат по Самитот во март. За нас, фактот дека веќе на преговарачката агенда на Европската унија со сите земји од Западен Балкан високо влегуваат добрососедските односи е точка која силно ја поддржуваме, рече Варвициотис во однос на проширувањето на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави