Search

Ван дер Варт стана шампион на … деветта дивизија

Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт може да се пофали со уште едно фудбалско достигнување. Тој стана шампион во Серија „4″ на Данска, која е деветта дивизија во локалната фудбалска пирамида. 36-годишниот играч од средниот ред триумфира со вториот тим на Есбјерг.

– Горд сум на тимот. Есбјерг и јас станавме шампиони во Серија „4″. Старееме, но победуваме, напишаа поранешниот асна Реал Мадрид и Хамбургер на својот профил на Инстаграм.

Во последниве години, Ван дер Варт игра во Данска за да биде поблиску до својата девојка Ествана Полман, која во моментов е дел од женската ракометна селекција на Есјберг. Со репрезентацијата на Холандија таа е светски и европски вице-шампион.

Рафаел ван дер Варт е светски вице-шампион во 2010 година и исто така има бронзен медал на ЕП во 2004 година.

Треба да знаете
Последни објави