Search

Буџетот за транспорт и врски носи повеќе пари за инвестиции, над 80 отсто наменети за капитални инвестиции

Предлог буџетот за 2020 година во делот на транспорт и врски е склоп од правилно распределување на граѓанските пари за вложување во капиталните инвестиции со што ја подобруваме економијата во нашата држава.
Со предлог буџетот правиме историски најголеми вложувања во изградба и рехабилитација на патишта и изградба на патна инфраструктура, во гасоводна мрежа и во реализација на крупните проекти во Железницата.
Владата предводена од СДСМ преку Министерството за транспорт и врски конечно го подигнува нивото на комуналната инфраструктура, продолжува со изградба на социјални станови, обезбедува услови за воведување на нови авиолинии, помага на општините и во изработка на урбанистичките планови и ја подготвува најголемата реформа во градежната дејност преку креирање на нови законски решенија.
Овој буџет е развоен кој ги застапува директните потреби на стопанството и граѓаните.
Буџетот е проектиран на 5,8 милијарди денари, од кои 83% од проектираните средства односно 4 милијарди 819 милиони денари се расходи наменети директно за реализација на капиталните проекти.
За наредната година ќе има зголемување за 854 милиони денари во споредба со 2019 година.
Ова е голем показател дека државата ни е НА ПРАВ ПАТ, дека парите на граѓаните се инвестираат за нивните суштински потреби.
Од предлог буџетот за 2020 година, 2,6 милијарди денари се одвојуваат за железници, 446 милиони денари за канализации и водоводи преку Европска инвестициона банка и 248 милиони денари за водоводи, 247 милиони денари за проекти за локални патишта и 104 милиони денари за нови авиолинии.
Како градоначалник на Штип особено сум задоволен што во овој буџет се издвојуваат средства за почеток на реализација на најголемиот сон на штипјани, Брана на река Отиња, во висина од 200 милиони денари.
Потенцирам дека овој развоен буџет за 2020 година преку 80%  ќе биде наменет за изградба на капитални објекти.
Во тоа е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ!
Додека тие инвестираа во барокни фасади и споменици, ние инвестираме во нови патишта, канализации и водоводи, железници, Брани и многу капитални инвестиции кои се од суштинско значење за развојот на нашата држава.
Вложувањата во инфраструктурата обезбедуваат повеќекратен бенефит за економијата и бизнисот, затоа и економијата во државата расте и очекуваме со овој развоен буџет да продолжи да расте и во 2020 година.
Затоа ќе продолжиме со засилени работи на терен и со поголеми инвестиции на капитални објекти.
Треба да знаете
Последни објави