Search

Буфон стана играч со најмногу настапи во Серија А

Италјанскиот фудбалски шампион Јувентус го совлада Торино (4-1) и сигурно чекори кон одбрана на титулата. На градското дерби, искусниот 42-годишен голман на „старат дама“ Џанлуиџи Буфон постави нов рекорд со најмногу настапи во Серија А.

За Буфон ова беше 648. натпревар во Серија А со што го помина на листата на најмногу одиграни мечеви Паоло Малдини. Искусниот чувар на мрежата Буфон застана на 647 настапи во декември, кога на голот застана Војчех Шчесни.

Буфон неодамна го продолжи договорот со Јувентус и за следната сезона, а против градскиот ривал доби шанса да застане на голот и да стане рекордер.

-Сѐ уште има жар во мене. Продолжувам да играм затоа што се чувствувам добро и конкурентен сум и згора на тоа, постојано сакам да се подобрувам. Сега на стари години како повторно да ја откривам младоста, изјави Буфон.

Тој дебитираше во Серија А како играч на Парма во 1995, а шест години подоцна ја продолжи кариерата во Јувентус. Сезоната 2018/19 ја одигра во дресот на ПСЖ, по што се врати во Јуве токму со цел да го урне рекордот на Малдини.

 

Треба да знаете
Последни објави