Search

Бускетс поради повреда нема да игра против Атлетико

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, нема да може да смета на Серхио Бускетс за дербито против Атлетико во Мадрид, повтрдија од клубот.

Бускетс се повреди настапувајќи за репрезентацијата на Шпанија. Веднаш по мечот со Швајцарија (1:1), тој се вратил во Барселона. Медицинските прегледи покажале дека тој ги истегнал лигаментите во левото колено.

Атлетико Мадрид, во дербито на 10 коло во Ла Лига, во сабота, ќе ја пречека Барселона.

Треба да знаете
Последни објави