Search

Бугарски водител: „Македонците се чисти Бугари, ни ја крадат историјата”

Во текст објавен на веб-страницата на бугарскиот весник „24 Часа“, Росен Петров, пишуваше навреди за Македонците во својата колумна „Макрон и Македонците – бугарска работа“.

Во колумната за одлуката на макрон со што Македонија доби блокада, Росен Петров пишува дека  „Македонците ја крадат бугарската историја”, како и дека македонските историчари покажуваат „невообичаено, дрско и примитивно однесување“.

– „Македонците се чисти Бугари, а ние сакаме со векови правиме лошо едни на други”, пишува тој.

Додава дека и македонската и Макронската работа се типично бугарска работа.

Инаку, Петров е  поранешен пратеник, сценарист, а сегашен водител на емисија за историјата на бугарската онлајн-телевизија „Bulgaria On Air“.

Треба да знаете
Последни објави