Search

Бруно Тониоли ја покани Меган Маркл да се пријави на „Танц со sвездите“

Танцување со војвотката?

Судијата во телевизиските натпревари во танц во сала Dancing with the Stars („Танц со ѕвездите“) Бруно Тониоли ја откри желбата Меган Маркл да се пријави во американското ТВ шоу оваа година.

„Таа би била одлична!“ рече Бруно во разговор со Тери Сејмур и ја повика Меган да се пријави ако гледа.

„Тоа ќе ја направи да изгледа достапна и забавна – ќе биде брилијантно. Меган, ако го гледаш ова, те молам! Би сакале да го сториш тоа.“

Серијата на реалити натпревари се снима во Лос Анџелес, градот во кој сега живеат Меган и Хари, па така нема да треба многу возење, пишуваат таблоидите.

Бруно инсистира оваа година, кога шоуто ја бележи својата 15-годишнина, да се одржи порано од планираното дури и ако тоа значи намалена публика во студио поради коронавирусот.

„Танц со ѕвездите“ е шоу во кое познати личности имаат за партнери професионални танчари и се натпреваруваат помеѓу себе.

Треба да знаете
Последни објави