Search

Британија би можела да воведе патнички коридор кон крајот на јуни

Патничките коридори што ќе овозможат неограничено движење меѓу Велика Британија и некои други земји ќе бидат отворени на 29 јуни, објави денеска британската група за лобирање за туризмот.

Велика Британија вчера воведе 14-дневен карантин за оние кои доаѓаат од странство, и покрај предупредувањата од авиокомпаниите, пристаништата и други дека тоа може да доведе до уште повеќе загуби на работни места токму кога се надеваа дека ќе започнат да закрепнуваат од Ковид-19.

Лоби групата Quash Quarantine, која претставува 500 патнички и угостителски компании, денеска соопшти дека е „приватно потврдено” дека патничките коридори, што ќе овозможат патување без 14-дневен карантин, ќе бидат воведени кон крајот на јуни.

Некои министри изјавија дека размислуваат за патнички коридори или таканаречени „воздушни мостови” со земји кои имаат низок степен на зараза, но досега нема формални договори.

Треба да знаете
Последни објави