Search

Бред Пит го запостави својот изглед за време на карантинот

Легендарниот холивудски актер Бред Пит (56) се чини дека е еден од оние мажи што се запоставија за време на карантинот поради пандемијата на Ковид-19.

Актерот е фотографиран пред својот дом во Малибу во непрепознатливо издание. Тој има долга, неуредна и мрсна коса, како и подолга побелена брада, која не е карактеристична за него.

Тој е фотографиран во широки искинати фармерки и стуткана широка маица, а може да се види и дека пуштил мал стомак.

Бред не се ни обидел сам да ја потстриже својата коса, туку тоа сакал да им го остави на професионалците, кои секогаш ја потстрижуваат и ja стилизираат неговата коса.

Бред е снимен во друштво на басистот на легендарниот бенд „Ред хот чили пеперс“, Фли, додека ги гледале мотоциклите на улица, но тој не бил премногу загрижен поради папараците што биле во близина на неговиот дом.

Бред и Фли (57) се добри пријатели уште од 90-тите години и честопати се дружат. Тие имаат неколку заеднички интереси, како што се мотоцикли и дизајнерски мебел, кои уживаат заедно да ги купуваат, а и честопати излегуваат заедно.

Треба да знаете
Последни објави