Search

Браун нов рекордер во Селтикс

Кошаркарот на Бостон селтик, Џејлен Браун постигна 46 поени во првиот натпревар на стартот од сезоната во најсилната лига на светот НБА, против Њујорк, но тоа не му помогна на неговиот тим да забележи победа. Браун го изедначи својот личен рекорд во ефикасност, а го надмина клупскиот со постигнати поени на еден кошаркар во воведниот натпревар од сезоната.

Претходното вакво достигнување беше воспоставено од Боб Кузи со 35 поени во 1956 година, подоцна повторено од Пол Пирс во 2004.

Браун реализираше 16 од 30 удари од поле за 46 минути, вклучувајќи 8 од 14 за три поени. Забележа и девет скока, шест асистенции и три украдени топки.

Сепак, на крајот победата им припадна на кошаркарите на Њујорк со 138:134 по две продолженија.

Треба да знаете
Последни објави