Search

Бразил ја победи Полска во дербито на Светскиот одбојкарски куп

На Светскиот одбојкарски куп што се одржува во Јапонија, репрезентацијата на Бразил забележа победа над Полска во дерби натпреварот од 9. коло. „Кариоките” славеа во пет сета со 3:2, по сетови 19:25, 25:23, 25:19, 16:25 и 15:11.

На тој начин Бразил го задржа максималниот ефект на врвот на табелата, додека Полска е втора.

Резултати од денешното, 9. коло:
Аргентина – Русија 3:1
Италија – Канада 2:3
САД – Австралија 3:0
Полска – Бразил 2:3
Тунис – Египет 3:1
Јапонија – Иран 3:1.

Во горниот дел на табелата е Бразил со 26 бода, пред Полска со 22, САД со 21 и Јапонија со 20 бода.

Треба да знаете
Последни објави