Search

Борусија Дортмунд не преговара со Јунајтед за Санчо

Главниот извршен директор на германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ваке изјави дека досега клубот нема добиено никакви понуди од Манчестер Јунајтед за својата голема ѕвезда Џејден Санчо.

Минатата недела се засилија шпекулациите дека двата клуба се во период на интензивни преговори за потписот на англиската сензација. Голем број британски медиуми дури отидоа дотаму што најавуваат дека „црвените ѓаволи” биле подготвени да платат 120 милиони евра, оставајќи само да ја прецизираат структурата на плаќањето.

Сепак, Вацке побрза да ги олади страстите, велејќи дека немало разговори помеѓу страните за играчот, без разлика дали се директни или преку посредници.

– Нема разговори помеѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед за Санчо. Ниту директни разговори, ниту преку посредници, рече шефот на Дортмунд.

Треба да знаете
Последни објави