Search

Борисов: Бугарија е подготвена за дијалог и разбирање со Македонија, но тоа треба да го сакаат двете страни

Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Северна Македонија, но тоа треба да го сакаат и да биде направено од обете страни, напиша на Фејсбук премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објаснувајќи дека ова го изјавил на видеоконференциска средба со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и Швајцарија.

Тој во истата објава на социјалната мрежа го искажува ставот на Бугарија за итноста од донесување на буџет на ЕУ и Пакетот за економско закрепнување, со што средствата и програмите ќе можат да почнат да се користат од почетокот на следната година поради сериозна ситуација на продлабочена социјална и економска криза како резултат на пандемијата.

Унгарија и Полска го блокираат нацрт-буџетот на Унијата за 2021-2027 година во износ од 1,07 трилион евра, во знак на протест против одлуката за формирање механизам за следење на усогласеноста со владеењето на правото во земјите од Унијата во 2021 година, со што буџетските средства ќе се распределуваат врз основа на резултатите од ова набљудување.

Треба да знаете
Последни објави