Search

Боно Вокс на концертот во Берлин го најави крајот на „Ју ту“

Боно Вокс коментираше за концертот минатата ноќ во Берлин дека „Ју ту“ наскоро би можеле да се повлечат од сцената, пишува „Ириш тајмс”.

„Долго сме на патот – веќе 40 години – и овие четири години беа навистина посебни, сега заминуваме”, изјави Боно пред публиката во берлинската „Мерцедес-Бенц арена” каде што го одржаа последниот концерт во рамки на турнејата „Искуство + невиност” .

урнејата требаше да заврши во Даблин минатиот викенд, но бендот одлучи да се врати во Германија и да го одржи својот последен концерт таму. Тие го откажаа настапот што требаше да се одржи на 1 септември, бидејќи Боно го загуби гласот. Многумина шпекулираат дека здравствените проблеми на Боно се една од главните причини зошто бендот наскоро би можел официјално да го објави својот крај.

Сепак, постојат оние кои тврдат дека таква „масовна паника” се создава на последните настапи на секоја нивна турнеја, и дека тоа веројатно е само лажен аларм.

Треба да знаете
Последни објави