Search

Болсонаро: На Бразил не му требаат германски пари за Амазонија

„Германија нема да ја купи Амазонија“, рече Болсонаро на конференцијата за медиуми во Бразил во неделата.

„Тие пари можат да им бидат од корист добро. На Бразил не му требаат“, додаде тој.

Бразилскиот лидер го изјави ова еден ден откако германската министерка за животна средина Свена Шулц рече дека нејзиното министерство планира да престане да финансира проекти за шуми и биолошка разновидност во Бразил, поради драстично зголемување на уништувањето на шумите во таа јужноамериканска земја.

Според германски весник, овој потег ќе спречи финансирање од околу 35 милиони евра од меѓународната иницијатива за климатски промени на Министерството. Во 2008 година на Бразил му се доделени 95 милиони евра за борба против уништувањето на шумите.

Постојните проекти ќе продолжат засега, но новите ќе бидат ставени во мирување, откри портпаролот на Министерството за животна средина.

Бразилскиот државен институт за истражување на вселената (ИНПЕ) минатата недела објави дека сателитските снимки покажале дека уништувањето на шумите во Амазон се зголемило за 88 проценти во јуни во однос на истиот месец минатата година и 212 проценти во јули.

После тоа соопштение, директорот на установата, Рикардо Галвао, беше разрешен.

Треба да знаете
Последни објави