Search

Боксери и милиони: Како ќе се пренесуваат борбите на Фјури, Вајлдер и Ентони?

Тајсон Фјури денеска потпиша договор со спортска ТВ-мрежа  којa ќе добие 100 милиони долари.

Британскиот боксер ќе ги заработи овие пари за наредните пет борби што ќе ги пренесува американската ТВ-мрежа за територијата на САД.

Овој потег би можело да ги искомплицира потенцијалните меѓусебни борби меѓу Фјури, Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа, со оглед на тоа дека сите тројца имаат потпишани разговори со различни ТВ-станици за правата за емитување на нивните борби.

Вајлдер и Џошуа имаат договори  наводно за 120 милиони долари.

По борбата Фјури-Вајдер што заврши без победник, најавен е реванш, но за да се случи тоа телевизиите  мора да потпишат спогодба и да се договорат кој ќе ја пренесува борбата.

Треба да знаете
Последни објави