Search

Боки: Катица е најчесен човек што го знам, Рекет е измислен да се спаси Камчев и урне СЈО

Предметот Рекет е направен да се спаси Јордан Камчев, да се урне СЈО и Катица Јанева бидејќи им сметаше на власта и на опозицијата, рече Боки 13 во продолжение на судењето каде дава своја одбрана.

За него Катица е исклучително чесен човек, на кој јас како цивил како би можел да и кажувам што да прави. Таа беше толку затворена за информации па повеќе информации добивав од Вилма Рускоска.

Рускоска имаше голем амонизитет кон Јанева, кој се претвори во злостворство, а на крајот најверојатно и во казна. Рускоска беше таа која ми се јавуваше и бараше од мене да пратам новинар оти мрзела некој. Овој систем е трул и ќе го откриеме вистинското лице на обвинителите и бизнисмените.

-Никогаш не сум избришал ништо од мобилниот телефон, но ништо не е вештачено за да сето тоа излезе во јавноста. Катица Јанева ја запознав во септември 2018  бидејќи ја побарав да гостува во 1ТВ, и имавме средба во СЈО, но ме одби. Баравме да ја каже животната приказна во емисијата “Лица”, на Кочишки, што мислевме дека ќе биде вистински потег. Тогаш ги видов фотографиите од нејзините деца, како и трагично починатиот сопруг. Така го видов и синот Лазар Јанев, за кој рече дека не е вработен правник. Тогаш понудив да дојде кај нас во правната служба да видиме дали ќе ги исполни нашите барања. По неколку дена ми јавија дека дошол во телевизијата и ние го вработивме бидејќи како приватна фирма немаше конфликт на интереси. Јанев беше секојдевно во контакт со АМВУ немаше ама баш никакви контакти со маркетингот.

Исклучително чесна жена, народен човек, либерална, без предрасудби па не и сметаше мојата сексуална определа и со која разговаравме и за мои љубовни работи, но никогаш не сме разговарале за професионалното во смисла јас да и кажувам што да работи и како. Ниту пак за Империја или други предмети, за кои јас тука во судницата дознав.

Треба да знаете
Последни објави