Search

Боки: Жалам што го познавав Кичеец

Бојан Јовановски во придолжение на денешното судење зборуваше и за обвинетиот и осуден во Рекет, Зоран Милевски Кичеец.

-Жалам што го познавам Зоран Милевски Кичеец, кого го запознав пред 15 години кога дојде во Скопје и го отвори кафулето Ден и ноќ, беше популарен. Бевме блиски, но веќе не сме, рече Боки покажувајќи заедничка селфи фотографија направена во странство.

Познанството го интензивирале во мај 2018 година кога инсистирал  Боки да се сретне со Камчев, за кого работел.

-Ме импресионираше и со познанства кои ги има во странство, но и со блиските контакти со политичари тука, порано со тогашната па со сегашната власт. Не знаев што работи во Орка, па Камчев еднаш ми објасни. Рече дека Кичеец е најдобриот оперативец, а тоа сфатив самиот во изминатиов период. Неговите способности се гледаа и преку тоа што стално му наоѓаа мобилни во затворот, кои Рускоска исто така не ги вештачела, па и од Шутка си ги правел патот кон слободата, рече Јовановски.

Тој се спогоди, доби казна и сега е на слобода. А јас сум во затвор за исказот што денеска ќе го дадам. Затоа ме исфрлија од болницата “8 Септември” како куче, затоа ми се правеа прегледи кои никогаш не ми ги направиле, вели Боку.

Во моментов е дадена пауза, по барање на Јанева на која и се слоши. Претходно реагираше Рускоска која негодуваше кон судот зошто дозволил Јовановски да дава лични квалуфикации за неа и за Кичеец, а не зборува за доказите кои ОЈО ги презентирало.

Треба да знаете
Последни објави