Search

Близначки добиваат смртни закани поради фотографии на кои позираат со уловениот плен

Црвенокоси близначки од Данска, кои ловат со својот татко уште од својата 10. година, добиле смртни закани од активисти за правата на животните поради крвавите фотографии на лов објавени на социјалните медиуми, пренесува „Спутник“.

Рике и Трин Џејкобсен (26), медицинска сестра и физиотерапевт, откако ловеле со својот татко со години,  добиле дозвола за лов и основале канал на „Инстаграм“ наречен „Hunt & Hike“.

На страницата споделувале фотографии од уловените „трофеи“, од патки и фазани, преку елени до диви свињи.

https://www.instagram.com/p/B7oXa8xhpQv/

На некои од фотографиите се гледа оружје, крвави ножеви по ловот, додека сестрите позираат покрај уловениот плен.

Поради фотографии и приказни за лов, сестрите почнале да добиваат смртни закани и да трпат онлајн насилство.

https://www.instagram.com/p/BvthMuhhxBg/

„Еден човек ми рече дека можам да ја доживеам истата судбина како и сиромашните животни што ги убивам“, изјави Рике за британски „Сан“.

И покрај бројните закани, црвенокосите сестри не планираат да престанат да го полнат замрзнувачот со квалитетно месо.

https://www.instagram.com/p/B6GBN8RB-d5/

„Нема ништо подобро од јадење бифтек што сте го набавиле со лов. Ловот ви дава најсвежо и најздраво месо. Затоа ловиме“, рече Трин.

Ловот и подготвувањето на месото сестрите го опишуваат како пријатно искуство, додавајќи дека тоа ја зацврстило нивната врска преку незаборавно искуство.

Треба да знаете
Последни објави