Search

БиХ по 27 години ја презеде контролата над своето небо

Од денеска Босна и Херцеговина официјално, по 27 години, целосно ја презеде контролата на своето небо.

Досега летовите над територијата на Босна и Херцеговина над 10.000 метри ги контролираа Хрватска, Србија и Црна Гора, а сега е надлежна Агенцијата за обезбедување воздушни услуги на БиХ.

Со ова се заокружува процесот на транзиција на регионалната контрола на воздушниот сообраќај, за сообраќај над 10.000 метри.

Од техничка гледна точка, сè помина непречено, како што објавија „Клих.ба“, со одлична соработка со соседите од контролните центри во Загреб и Белград.

Воздушниот сообраќај над БиХ сега го следат 60 контролори, вклучувајќи 39 искусни обучени во најпочитуваните европски центри и 21 нови контролори обучени во Финска, Загреб и Белград.

Контролерите ќе работат во пет екипи во оперативните единици во Сараево, каде се следи воздушниот сообраќај над 11 километри и во Бања Лука каде се следи сообраќајот бо висина до 11 километри.

Треба да знаете
Последни објави