Search

Безбедносен инцидент на границата со Либан, соопшти израелската армија

Израелската армија соопшти денеска за „безбедносен инцидент”  долж границата со Либан и дека им наредиле на жителите да не ги напуштаат своите домови.

Во соопштението на израелската армија се вели дека патиштата се блокирани и дека на жителите им било кажано да избегнуваат непотребни патувања. Војската одби да открие други детали, а израелскиот јавен сервис Кан јави за размена на оган, додека жителите на јужен Либан во близина на границата рекоа дека слушнале експлозии на гранати.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху пред Парламентот изјави дека Владата внимателно ги следи случувањата на северот и дека „армијата е подготвена за какво било сценарио”.

Пред тој инцидент, Израел ја зголеми својата подготвеност поради евентуалниот напад на либански Хезболах по израелскиот воздушен напад во Сирија минатата недела, во кој загина еден член на таа екстремистичка организација.

Хезболах се уште нема коментар за инцидентот во областа наречена Шеба фарми што Израел го освои во војната во 1967 година.

Треба да знаете
Последни објави