Search

Барселона и Реал експресно го одбија предлогот за рокада на „Ел класико“

Раководствата на шпанските фудбалски гиганти Барселона и Реал Мадрид експресно го одбиле предлогот нивниот меѓусебен првенствен дуел кој треба да се одигра на 26 октомври на „Камп Ноу“ да се премести на „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми.

Предлогот за оваа рокада на местото на одигрување  на полуларното „Ел класико“ стаса од раководството на шпанската Ла лига како одговор на последните насилни демнострации во Барселона. Ла лига предложи првенствената пресметка меѓу овие два тима напролет да се игра во Барслеона.

 

Треба да знаете
Последни објави