Search

Барселона го провоцираше Роналдо, а возврати Јувентус

Во Торино на пресметката во рамките од 2. коло во групата од фудбалската Лига на шампионите Барселона го совлада домаќинот Јувентус (2:0). На овој натпревар изостана престижната трка кој е најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси или Кристијано Роналдо, бидејќи португалскиот ас од редовите на калчолигашот остана во самоизолација поради коронавирусот.

Неможноста да имаат нова меѓусебна пресметка со тимовите за кои настапуваат најдобрите фудбалери на денешницата на теренот се префрли на социјалните мрежи.

Барселона за која настапи Меси и постигна гол од пенал, имаше и асистенција за победата, по натпреварот реши да го зајаде Роналдо со објава на Твитер.

-Мило ни е што на теренот можевме да го видиме најдобриот во свет на вашиот терен, напишаа од Барселона.

Експресно возврати Јувентус.

-Најверојатно гледавте во погрешен речник. Ќе ви го донесеме вистинскиот на „Камп Ноу’“, напиша  италијанскиот тим.

Треба да знаете
Последни објави