Search

Барди отпадна, Стоилов и Младеновски дополнително повикани

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди нема да биде на располагање за квалифиакциските дуели со Словенија на 10. октомври во Скопје и со Полска три дена подоцна во Варшава. Играчот на шпанскиот Леванте иако повреден се најде меѓу избраниците на селекторот Игор Ангеловски – Мрме со надеж дека ќе се опорави, но пред утрешниот собир го откажа доаѓањето во репрезентативната база. На негово место Ангеловсдки испрати дополнителни  повикани за двајца домашни кандидати Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар.

Првиот тренинг на репрезентацијата ќе го има утре од 19:00 часот на Националната арена “Тодор Проески”.

Треба да знаете
Последни објави