Search

Баерн и Алаба деновиве ќе ги расчистат сметките

Иднината на Давид Алаба ќе биде разјаснета наскоро, увери спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ. Австриецот има договор до 30 јуни 2021 година и во моментов не може да постигне консензус со управата за повторно потпишување.

Според медиумите во Германија, Баерн нема намера да понуди подобри услови од оние што веќе ги стави на маса. Алаба нема намера да отстапи.

Така, многу веројатно е дека дефанзивецот ќе ја заврши сезоната во клубот, каде што се проби во големиот фудбал, и следната година ќе замине како слободен агент.

За него постои силен интерес од Барселона и Реал Мадрид, а Каталонците се посочени за цел бр.1 пред Алаба, доколку тој сепак ја напушти Бундеслигата.

Треба да знаете
Последни објави