Search

Асенсио со хет-трик го разубеди Анчелоти дека местото му е на теренот, а не на клупата

Реал Мадрид  во 6. коло од шпанската фудбалска Ла Лига ја растури Мајорка (6:1), а ѕвезда на вечерта на „Сантијаго Бернабеу“ пред 20.000 гледачи беше Марко Асенсио, кој го постигна првиот хет-трик во својата клупска кариера. Од стартот на сезоната Асенсио не беше во преден план кај старо-новиот тренер италијанскиот стратег Карло Анчелоти. Не добиваше голема минутажа, повеќе седеше на клупата, но првата укажана доверба шпанскиот репрезентативец ја искористи максимално да го убеди Анчелоти дека има што да понуди сезонава во дресот на Реал.

– Фудбалерите кои досега не играа многу беа одлично подготвени и тоа е добар знак за екипата. Асенсио покажа дека одлично се снаоѓа во просторот меѓу линиите, тоа е позиција од која може сериозно да му наштети на секој противник. Поседува потребен квалитет, има одличен удар и комбинира одлично со напаѓачите. Мислам дека ова е неговата идеална позиција – изјави Анчелоти по добрата партија на Реал Мадрид.

„Кралевите“ се лидери во шпанското првенство по 6 одиграни кола со 16 освоени бода, два повеќе од градскиот ривал Атлетико кој е актуелен првак во Ла Лига.

Треба да знаете
Последни објави