Search

Арсовски: Нареди ли Заев да се нападне екипата на ТВ21 во Арачиново?

Вчера бевме сведоци на еден немил настан на само неколку километри од Скопје, во село Арачиново, каде што новинарска екипа на телевизијата ТВ21 беше нападната и киднапирана од лица блиски до општината и до Зоран Заев, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДМПНЕ, Димче Арсовски.

Тој порача дека неговата партија најостро го осудува чинот на киднапирање, закани по живот и психичко насилство врз новинарите и новинарските екипи.

„Овој случај на напад и тортура врз новинари мора веднаш да се казни и да биде пример за во иднина. Веќе медиумите обзнанија дека се работи за еден од напаѓачите кој е близок до Зоран Заев и СДСМ и е близок роднина на градоначалничката на Арачиново. Па така прашуваме, зошто ако веќе на медиумите им е познато лицето кое ја нападнало новинарската екипа на ТВ21, веднаш не е повикан за да биде сослушан за настанот“, запраша партискиот портпарол, додавајќи дека инцидентот се случил со цел да се спречи прилогот кој го правела телевизијата за неработењето и нефункционирањето на Владата.

Арсовски подвлече дека ова не е прв случај членови на СДСМ да нападнат новинарски екипи и побара МВР веднаш да спроведе истрага за тоа кој го нарачал и кој го извршил нападот врз новинарската екипа на ТВ21.

Треба да знаете
Последни објави