Search

Арсовски: Мицкоски бил Генерален секретар од 1 август 2017, а не во 2016 година

Откако СДСМ преку соопштение побара одговор од Мицковски која била неговата улога во 2016 година во моментот кога се прислушувало во Јавното обвинителство додека бил Генерален секретар, портпаролот на партијата Димче Арсовски денеска на прес-конференција одговори дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 2016 година не бил Генерален секретар, тој бил Генерален секретар од 1 август 2017 година.

Арсовски додава очигледна е намерата и злобата на СДСМ да му наштетат на претседателот Мицкоски преку случај за кој директно се одговорни СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски, така да одговорот СДСМ и нивниот Центар за комуникации треба да го бараат кај Оливер Спасовски во МВР и треба да го бараат во Владата во нивниот претседател Зоран Заев тие се оние кои треба да дадат одговор на граѓаните кој прислушувал и за чии намени, а уште побрзо треба да си дадат оставка по ова што се случува во моментов, изјави Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави