Search

Арсовски: Додека бизнисите на граѓаните тонат, фирмите на блиските до власта нижат милионски тендери

Додека бизнисите на граѓаните тонат, фирмите на блиските до власта нижат милионски тендери, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Медиумите објавија скандалозна информација дека фирмата СВ ‘Инвест’, која, како што пишуваат, се поврзува со Вице Заев, брат на премиерот, добила 22 милионски тендер од РЕК Битола во четири очи. Според документите кои ги објавија медиумите се гледа дека фирмата СВ ‘Инвест’ на 15.10.2018 година склучила договор со АД ЕЛЕМ за ангажирање на рударска механизација за потребите на РЕК  Битола со договор во четири очи во износ од 22 милиони“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави